Шестиот мотивациски викенд на „Младите можат“ ќе се одржи на 8 и 9 ноември, во салата Империјал во Македонска опера и балет. За годинава се најавени 10 говорници и 4 практични работилници,кои ќе можат да ги проследат над 200 млади кои ќе имаат можност да ги чујат успесите и неуспесите на говорниците.
На мотивациската сцена во салата Империјал оваа година ќе се појават:
– Петар Лазаров -ко-сопственик на Македонија експорт, автор на книгата Tip of the week
– Антонио Кузмановски – сопственик на Вебглајдерс, основач на When in X и When in Krusevo
– Аријана Коскарова – Форбес 30 под 30, 2019 год, ко-основач Creative Hub Скопје, Приштина и Тирана
– Александра Пановска Илиевска – медумско лице на Сител ТВ веќе 5 сезони, радио водител и менаџер
– Блаже Јосифовски – Претседател на “Ајде Македонија”
– Проф. Д-р Владимир Трајковиќ – професор на ФИНКИ, ко-основач на Seavus
– Проф. д-р Каролина Ристова – Астеруд , Правен факултет “ Јустинијан Први “, УКИМ
– Блаже Аризанов – меѓународен претприемач, автор
– Коста Караманолев – основач на Бербер и бар – Вторник
– Никола Ристановски – македонски театарски, филмски и телевизиски глумец
Четирите работилници пак младите ќе имаат можност да ги посетат се на теми:
– Design thinking – со Иван Зографски од Solveo
– Основи на блогирање – со Ива Дујак од Brand Union
– CV кое ќе те вработи – со Фросина Полазаревска од Brainster
– Техники за јавно говорење – со Ана Јовковска
Целта на Мотивациски викенд е да се мотивираат младите да работат на себе, на приватен и професионален план. Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите соништа, да го унапредат својот живот, да го искористат својот потенцијал и да станат најдобрата верзија од себе.
Настанот Мотивациски викенд 6 е направен во рамки на проектот Кариерен пат: Направи го првиот чекор кој е поддржан од Агенцијата за млади и спорт.