Стопанската Комора на Северозападна Македонија(СКСЗМ) денеска ги додели наградите за ТОП 100 најголеми, најмоќни и најуспешни компании за 2019 година, пренесе магазинот Instore.mk.
Станува збор за награди што Комората ги доделува деветта година по ред. Од анализирани 24.000 компании, селекцијата на најуспешните компании е направена во пет категории: според годишен обрт, нето-добивка, број на вработени, поврат на капитал и според инвестиции.
Ги наградуваме најсилните и најуспешните компании. ТОП 100 е резултат на работата и посветеноста на нашите бизниси кои имаат големо значење за економијата.Членките на Комората лани остварија годишен обрт од околу 763 милиони евра и вработуваа над 8.752 лица или за 590 повеќе од претходната година. Во 2018 година остварија нето профит од 57 милиони евра, односно осум милиони повеќе од 2017 година, и инвестираа 42 милиони евра или за 22 милиона евра повеќе од претходната година. Со овие бројки укажуваме дека имаме капацитети за вградување на најмодерните светски технологии и иновации во нашите капацитети и оти нашите компании успешно работат и се повеќе се интегрираат на глобалните пазари, рече Неби Хоџа, претседател на Комората.
За водечки ТОП пет компании беа прогласени „Вардар Доломит“ на прво место, а потоа следуваат „Алма М“, „Киппер Маркет“, „Нептун“ и „Даути комерц“.
„Гајрет“ од Струга беше прогласена за компанија со најголем пораст во последните три години. „Уника Лајф“ беше наградена за успешна компанија раководена од жена, а „Слајс“ за компанија која успешно излезе на нов глобален пазар.
ТОП 10 компании со најголем годишен обрт се „Гемак Трејд“, „Алма-М“, „Адријус“, „Кнауф-Радика“, „ЗСФ-Ком“, „Еуро Актива“, „Атлантик“, „Нептун“, „Киппер“ и „Даути Комерц“.
ТОП 10 компании со најголема нето-добивка се: „Нептун“, „Вардар Доломит“, „Пофикс“, „Алма-М“, „Бас Тути Фрути“, „Киппер“, „Атлантик“, „ЗСФ“, „Арбериа-Десигн“ и „Кнауф-Радика“.
ТОП 10 компании со најмногу вработени се: „Даути Комерц“, „Мај Пизза“, „Алма-М“, „Еколог“, „Дебарски бањи“, „Кнауф-Радика“, „Вардар Доломит“, „Мотиви“, „Киппер Маркет“ и „Нептун“.
ТОП 10 компании по поврат на инвестиции се: „Еммур“, „Е Гроуп Корпорејшн“, „Земзем“, „Кондри 2010“ „Нетинг“, „Син Ком Пром“, „Екопакинг“, „Ритрон Копи“, „Јени-Мармарис“ и „Уни Стил Ком“.
ТОП 10 компании споре реализирани инвестиции се: „Нормак Инвестмент“, „Ренова“, „Делфина-Турс“, „Бас Тути Фрути“, „Буши Фашион“, „Арбериа Десигн“, „Адријус“, „Норд“, „Феникс 93“ и „Брути-Инг“.
Извор – www.instore.mk