Една третина од храната во светот се фрла – 70 држави се обврзаа да го сменат тоа

- Advertisement -

Повеќе од 70 држзави де обврзаа да преземат поголеми мерки за да се намали количината храна која се расипува и се фрла поради лошото ладење при чувањето на продуктите. Претставниците на тие држави потпишаа текст на годишниот состанок Монтреалски протокол во Рим со кој ветуваат дека ќе го направат тоа. V

Министри, други претставници на влади и експерти го разгледуваа регулирањето на употребата на хемикалии за фрижидерите и уредите со јклиматизација, кои се штетни за озонската обвивка.

- Advertisement -

На состанокот во седиштето на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (FAO) во Рим беше истакнато дека во светот се фрла една третина од произведената храна и беше изразена надеж дека таа количина ќе се намали со развој на подобри методи за ладење на продуктите.

Лошото ладење на храната доведува до губење на околу 9% од расипливата храна во развиените земји и на околу 23% во земјите во развој.

Сподели!
- Advertisement -