„Медена земја“ и Атиџе наградени во САД

- Advertisement -

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards), кои беа доделени вчеравечер (10 ноември) во Њујорк.

На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

- Advertisement -

Наградите, кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар“, што ќе бидат соопштени во јануари 2020. Во саботата (9 ноември), пак, беше соопштено дека „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“. Нашиот филм е меѓу петте кандидати за наградата – најдобар европски документарец за 2019 година. За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3600 членови на ЕФА. Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

Сподели!
- Advertisement -