Дупките кои се отвораат на патиштата се еден од најголемите кошмари на градешните компании, на градовите и секако, на самите возачи. Сите сме сведоци колку брзо се отвораат дупки на новите патишта затоа што постојната технологија за правење патишта не може навреме да го спречи пропаѓањето на асфлатот.
Две италијански компании, Directa Plus, која се занимава со изработка на производи од графен и Iterchimica, која развива иновации во индустријата за патишта, заеднички создадоа асфалт зајакнат со графен, односно чудесниот материјал кој создава двoдимензионални јаглени структури со дебелина од еден атом. Поради исклучителните механички својства на графенот, големата проводливост на струја и речиси целосната провидност, графенот се смета за еден од материјалите на иднината кој ќе најде примена во изработката на композитни материјали, електронички и логички системи, екрани, облека, но и во изработката на асфалт, кој ќе биде значително поиздржлив од денешниот.
Компаниите Directa Plus и Iterchimica направија два пробни патишта со два слоја од новиот G+ асфлат во рим и во Милано, кои се покажале исклучително издржливи, односно како што тврдат од компаниите, дури 250% поиздржливи во однос на постојните. Покрај тоа, тестирањата со пешаци и возила покажале дека индиректната тензилна сила се зголемила за 35%, а отпорноста на деформација при температури од 40 степени Цезлиусови и над тоа се зголемила за 46%.
После успешното тестирање за италијанскиот асфалт G+ се заинтересирани многу држави од целиот свет, меѓу кои и Велика Британија, САД и Оман. Така, и во тие земји ќе бидат спроведени тестирања, по што графенските патишта ќе стартуваат со комерцијална употреба.