Канадски научници направија сензор кој ќе ги спасува децата и животните од смрт во прегреан автомобил

- Advertisement -

Канадски научници развија сензор кој детектира кога децата и домашните миленици ги оставаме во автомобил, а потоа активира аларм. Сензорот користи радарска технологија и вештачка интелигенција за активирање на алармот кога децата и животните остануваат во автомобил, а тимот кој го разви тврди дека работи со 100% прецизност.

Сензорот има големина од околу 2,5 cm, а ќе се вградува во внатрешниот дел од кровот на автомобилите и во ретровизорите. Неговите сигнали ќе се рефлектираат од луѓето и животните во автомобилот, а вештачката интелигенција ќе ја анализира ситуацијата и ќе установи дали е потребно да се активира алармот. Ова го тврдат научниците оф Универзитетот Ватерлу во Канада.

- Advertisement -

Тие истакнуваат дека сензорот ќе спречува заклучување на вратите и дека ќе се активира алармот кој ќе ги предупреди возачите и минувачите во близина. „Овој сензор фо решава долгогодишниот проблем во целиот свет. Системот е толку едноставен и економичен што може да стане дел од стандардната опрема во сите возиал. За разлика од камерите, сензорот не ја нарушува приватноста ниту има некои слепи точки затоа што радарот продира низ седиштата и ги детектира децата и животните“ објаснуваат научниците.

Сензорот ќе се најде на пазарот на крајот на 2020 година. Најголем дел од жртвите од топлотен бран во автомобил се деца до три години (87%), а повеќе од половина од нив се деца до една година (55%). Некои американски држави имаат закони кои им дозволуваат на минувачите да провалат во автомобил за да спасат дете или животно.

Сподели!
- Advertisement -