Со квалитетна услуга и амбиент на прво место, повеќе од две децении, на 15 локации во нашиот град го имаме најдобриот избор на се’. Рептил маркетите изградија успешен бренд зад којшто се препознаваат насмевката и услужливоста на вработените кои, на своевиден начин, прераснаа и во пријатели на потрошувачите. Тоа е местото каде топло ќе Ве поздрават, услужат и испратат со поздрав „Повелете повторно!“. И потрошувачите се враќаат повторно и повторно. Понекогаш само да испазарат, понекогаш да побараат и информации од лицата кои секојдневно ги услужуваат.
„Потрошувачите ги интересираат различни информации, понекогаш тоа е помош каде се наоѓа одреден производ или информација за листата производи кои се на акција. Но, најмногу ме радува тоа што кога ќе побараат информација кој е подобар меѓу два или три производи, го почитуваат нашето мислење и го купуваат препорачаниот производ. Тоа е многу важна релација која се гради со доследноста и квалитетот на услугите во сите наши маркети“, кажува Сузана Тодоровска, раководител на Рептил Маркетот во Црниче.
Веќе 21 година, од самото отворање на маркетот, таа задоволно го поминува секој работен ден. Вели дека расположливоста на вработените да му помогнат и да го услужат секој потрошувач е рефлексија и на самите услови за работа во маркетите. Двете работи, според неа, се испреплетени и нераскинливо вметнати во брендот Рептил, што трпеливо го создавале како семејство во изминатите години. Таргетот кај сите вработени бил јасен – секој потрошувач да има пријател меѓу вработените.
„Горда сум што сум вработена во Рептил. За мене ова е најдобриот работодавач во дејноста во која работиме, затоа што даваат шанса на оние кои сакаат да напредуваат а ја наградуваат и лојалноста на секој вработен. На секои 3 и 6 месеци се наградуваат најдобрите продавачи и раководители за тој период. Работодавач што ги стимулира и наградува вработените а тие таа енергија ја пренесуваат понатаму кон нашите потрошувачи“, додава Тодоровска.
Рептил маркетите се силно конкурентни со понудата во однос на останатите маркети. Цените за потрошувачите, според вработените се последен критериум, затоа што ја почитуваат добиената услугата и амбиент што го задржале да потсетува на маалските маркети. Иако денес се модерни маркети, тие се истакнуваат како единствен ланец-маркети во градот кој ја продолжува традицијата и гарантира топла и квалитетна услуга на секој потрошувач. Како што би рекла и раководителката на Рептил маркетот во Кисела Вода, Кети Бишковска: „Потрошувачите најмногу ги привлекува љубезниот однос и насмевката. Што впрочем е и мотото на Рептил“.
„Потрошувачите комуницираат со нас, ни кажуваат и прашуваат кога нешто ги интересира. Но, она на што ние најмногу внимаваме е да им помогнеме на сите на кои им е потребна помош. Особено кога некој производ е поставен повисоко на полиците или ако забележиме постаро или изнемоштено лице, не чекаме сами да побараат асистенција. Вработените сами им помагаат да ја подигнат корпата кога е потребно. Понекогаш им ги носиме производите до нивниот автомобил а на некои постари лица и до дома!“ – истакнува Бишковска.
Таа 15 години работи за Рептил, од моментите кога во градот постоеја само 3 маркети. За соработката и професионалната врска со оваа компанија објаснува: „Одличен работодавач кои ги цени лојалноста, трудот и ги мотивира вработените. Имаме најубави услови за работа во оваа дејност и функционираме како големо семејство. Така и се чувствуваме, затоа што 50 отсто од вработените со години сме дел од Рептил. А сето тоа помага да ги задржиме постојните потрошувачи и да привлечеме нови“.
Фокусирани на успех и со цел да го олеснат пазарењето на своите потрошувачи, Рептил маркетите ја отворија и интернет-страната: marketonline.mk, каде луѓето може да ги нарачаат своите производи брзо и едноставно, со достава, како и самите да си ги подигнат.
Неделно имаат бројни акции и намалувања, како и клуб на попусти – Клуб Рептил, кој е семејство од потрошувачи кој моментално брои над 20.000 членови кои заштедуваат при нивното пазарење.
Во Рептил не испратија со зборовите дека „оваа приказна ја пишуваме и раскажуваме заедно, со секој наш вистински избор а и со секој вистински избор на потрошувачите“.
Изберете го и Вие вашиот вистински пријател, тоа е Рептил маркетот кој е наблиску до Вас.