Компаниите со закон се обврзуваат да инвестираат во енергетска ефикасност
Досега во реализацијата на проктот доброволно се вклучени 21 компанија од металургијата енергетиката и фармацијата, а анализата на нивните искуства покажале дека компаниите имале заштеди во при потрошувачката на енергенси во износ од 58,1 гигават часови или 3,91 милион долари. Намалувањето, пак, на емисиите на стакленички гасови е скоро 50.000 тони.
Вкупно 250 компании од индустријата ќе бидат обврзани да инвестираат во енергетска ефикасност. Компаниите ќе треба да обучат и кадри кои ќе го водат процесот, а ќе имаат и можност да аплицираат за донации од странство. Ова го предвидува новиот Закон за енергетска ефикасност кој е во собраниска процедура.
Како што беше речено на прес-конференција во Стопанската комора, при имплементацијата на законот ќе се води сметка инвестициите коишто треба да ги имаат компаниите да не ја загрозат нивната финансиска состојба.
– Овие компании исполнуваат 2 од 3 критериуми за потреба од инвестирање во енергетска ефикасност, но ќе добијат многу од оваа инвестиција: заштеда на енергија во процесот на производство, намалени емисии на стакленички гасови и заштеда на пари – изјави Панче Атанасовски од Агенцијата за енергетика .
Атанасовски вели дека сега е потребно да им се помогне на компаниите кои инвестираат за да не се случи инвестицијата во енергетска ефикасност, која е поголема колку е поголема компанијата, да не влијае на нивната конкурентност и процесот на производството.
Агенција за енергетика заедно со УНИДО, Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите нации го спроеведуваат проектот за енергетска ефикасност на индустријата преку кој се обидуваат да ги заинтересира индустриските компании да инвестира во енергетса ефикасност.
Цел на овој проект е да се зголеми бројот на компании од индустријата кои инвестираат во енергетска ефикасност и да имаат поголеми заштеди. Досега во реализацијата на преоктот доброволно се вклучени 21 компанија од металургијата енергетиката и фармацијата, а анализата на нивните искуства покажале дека компаниите имале заштеди во при потрошувачката на енергенси во износ од 58,1 гигават часови или 3,91 милион долари. Намалувањето, пак, на емисиите на стакленички гасови е скоро 50.000 тони.
На располагање на компаниите им се 30 експерти кои се оспособени за системите за управување со енергија и оптимизација на енергетски системи.