Денес, среда (20.11.2019) со почеток во 19:00 часот од страна на aмбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта, ќе биде отворена изложбата „Иновативен фински дизајн” во Јавна Соба.
Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми; од дизајн на инфомрациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па се до иновации во индустријата за мебел.
Автор на изложбата е Јарно Пелтонен, поранешен директор на Музејот за дизајн во Хелсинки.
Изложбата „Иновативен фински дизајн”, на која може да се погледнат овие проекти, а и да се научат некои интересни факти за Финска, ќе биде отворена за посетители се до 1 декември, односно до завршувањето на Skopje Design Week.