Научно е докажано дека децата денес се се помалку физички активни

- Advertisement -

Нивото на физичка активност на децата значително се намалува во текот на основното образование, покажа истражувањето кое го направија научници од Универзитетот Бристол. Резултатите од тоа истражување упатуваат на тоа дека времето кое децата го поминуваат во физичка активност во периодот од 6 до 11 години од година во година се намалува за 17 минути.

Истражувањето ја следело физичката активност на 2.132 деца од 57 основни училишта во југозападниот дел на Англија во периодот од 2012 до 2018 година. Притоа, децата носеле посебни уреди со кои се мерела нивната физичка активност во текот на пет учебни дена во неделата.

- Advertisement -

На тој начин научниците добиле прецизна слика за тоа колку минути дневно биле активни децата, но и за тоа дали нивните активности биле умерени или интензивни, односно доволни само да се задишат малку или навистина да се испотат. Истражувањето покажало дека 61% од децата во текот на првата година од истражувањето биле физички активни најмалку еден час дневно. До завршувањето на основното образование физичката активност на децата паднала особено кај девочињата – од 54% на 28%.

„Забележавме значителна разлика во нивото на физичка активност меѓу момчињата и девојчињата кои имаат шест години. Во однос на момчињата, девојчињата вежбаат помалку, а повеќе време поминуваат седејќи во работните денови и за викендите. Девојчињата порано престануваат да се занимаваат со поинтензивна физичка активност, па јазот межу девојчињата и момчињата постепено се продлабочува од 6 до 11 години“ велат научниците.

- Advertisement -

Според нив, бројките укажуваат на тоа дека мора да направиме повеќе за да инсистираме на физичка активност на децата се до адолесценцијата. Тие додаваат дека не станува збор за тоа дека децата мора да вежбаат повеќе, туку дека мора непрекинато да одржуваат ниво на физичка активност.

Децата кои не се физички активни тие лоши навики ги задржуваат и како возрасни, поради што се изложени на поголем ризик од заболување од кардиоваскуларна болест, како и дијабетес тип 2 и висок крвен притисок подоцна во животот.

Сподели!
- Advertisement -