Втора работилница за едукатори – „Креирај едукативни активности за најмладите“

- Advertisement -

Како дел од проектот Inno4Edu, СмартАп – Лабораторија за социјални иновации организира втора работилница „Креирај едукативни активности за најмладите 2“, наменета за едукатори, каде ќе се изработуваат дидактички материјали и игровни активности за спроведување на наставен час со деца од 3 до 10 години кои подоцна ќе бидат јавно достапни на националната веб платформа за образование.

Работилницата ќе се одржи на 21ви декември во Europe House, Скопје, и ќе трае еден ден, со почеток од 10:00 до 18:00 часот.

- Advertisement -

За учество на оваа работилница потребно е да се пополни апликација на https://bit.ly/2QBQmW8. Крајниот рок за аплицирање е 08.12.2019, при што апликацијата треба да се пополните тимски. Тимот треба да има 3 членови.

Секој од тимовите ќе има задача да подготви најмалку 2 материјали/активности при што може да се послужите со активност која веќе ја спроведувате на некој од часовите или да креирате нови активности заедно со вашиот тим. Ова може да се вашите експерименти, игри во природа и сѐ она што сакате да го спроведете на часот вон дадената програма.

- Advertisement -

На селектираните тимови ќе им бидат обезбедени водилки за подготовка и подобро структурирање на развиените материјали, кои ќе треба да ги пополнат неколку дена пред одржувањето на работилницата и детално да ги опишат активностите и инструкциите за изведба. На работилницата тимовите ќе ги доразработат нивните идеи и ќе имаат помош од графички дизајнери кои визуелно ќе ги претстават активностите.

За оваа работилница, важен критериум во процесот на селекција ќе биде описот на една од активностите тимот ќе ги доразработи на работилницата. Тимовите кои ќе имаат повеќе детално опишана активност, вклучувајќи ги целите на активноста, инструкции и насоки за изведба и сл. ќе имаат поголеми шанси да бидат одбрани за учество. Предност за учество ќе имаат оние кои досега не учествувале на Inno4Edu настаните.

- Advertisement -

Работилницата е наменета за одделенски наставници, воспитувачи, педагози, специјални едукатори и рехабилитатори, како и сите креативни едукатори кои внесуваат нови, иновативни активности за учење и игра, и кои сакаат да ги споделат и/или да креираат нови активности, кои ќе бидат објавени на националната веб платформа за образование!

Повеќе информации прочитајте на официјалниот настан, а за проектот на https://www.innovationlab.mk/work/inno4edu/.

Овој настан е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

Извор: МОН

Сподели!
- Advertisement -