Уште еден медитерански град нуди куќи по 1 евро

- Advertisement -

Последните години многу италијански градови ставија на продажба куќи и станови по цена од едно кафе со цел да стават крај на негативниот демографски тренд. Ним сега им се приклучи и градот Бивона.

Градот се наоѓа на северниот дел од Сицилија. Тој во 2009 година имал само 4.000 жители, а сега како и другите бележи се помалку жители поради масовното иселување на населението. Во последните 40 години бројот на жители во градот речиси се преполовил и сега брои само 3.800 жители.

- Advertisement -

За разлика од останатите, властите на Бивона од идните гражани бараат во купената недвижност да инвестираат само 2.750 долари во период од четири години. Исто така, на сите кои се спремни за десетина од куќите кои се на работ на пропаѓање да издвојат поголем износ од 1 евро им даваат даночни олеснувања.

„Сакаме на нашиот град да му го вратиме стариот сјај кој датира уште од времето на ренесансата, кога ви Бивона живееле 8.000 луѓе. Тоа било процут на феудалното војводство кој го благословил кралот Карло V“, велат локалните власти.

Сподели!
- Advertisement -