Конференција „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија“

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Техничкиот универзитет во Виена, организира конференција „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, во рамки на проектот кој се спроведува со поддршка на Европската Унија.

На конференцијата, како што е најавено, ќе бидат презентирани анализите, препораките и резултатите од реализираните индустриски проекти во домашните претпријатија, како и моделите за успешна соработка на домашните компании со странските инвеститори во државава.

- Advertisement -

– Искуствата и резултатите ќе претставуваат насоки за понатамошно унапредување на соработката на домашните и странски компании со имплементирање на успешни индустриски проекти во рамки на домашните компании во насока на зголемување на конкурентноста на домашната економија, стои во соопштението од Стопанската комора на Македонија.

Сподели!
- Advertisement -