Компанијата McLaren Automotive направи редизајн, односно реинкарнација на тркачки автомобил од 1964 година и го прилагоди како патничко возило. Она што е посебно кај автомобилот е тоа што не му треба ни кров, ни шофершајбна.
На средината на 60-тите години од минатиот век компанијата го произвела автомобилот McLaren-Elva M1A, а денес неговата реинкарнација се вика McLaren Elva.
Elva од 60-тите години во тој период била најбрзиот автомобил кој го тестирале дотогаш и пример за иновативен и модерен дизајн во сегментот спортски и тркачки автомобили. Денешните купувачи имаат сосема поинакви очекувања, па затоа од McLaren одлучиле да ја направат денешната Elvа без кров и без шофершајбна.
За да го решат проблемот со струењето на ветрот и контролата на температурата во целосно отворената кола решението го пронашле во системот за активно управување со воздухот (Active Air Management System, AAMS), кој возачите и совозачите ги штити од ветрот така што манипулира со протокот на воздух во автомобилот, односно создава воздушен џеб без турбуленции токму во кабината на автомобилот.
Elva го зема воздухот преку вшмукувач поставен под предниот дел од автомобилот и дури над разделникот кој блокира воздухот да се провлече под каросеријата, па го насочува на излез директно пред возачот и совозачот. На тој начин доздава воздушен ѕид кој го одбива налетот на воздухот кој природно струи преку горниот дел од каросеријата и оди право во лицето на возачот и совозачот.
Освен тоа, воздухот се одбива и од одбивачот од карбонски влакна поставен пред кабината на возилото, кој при големи брзини се подигнува и до 15 см визина за да го насочи воздухот од внатрешноста на автомобилот надвор.
Ако се прашувате зошто морале да направат таков автомобил, одговорот е едноставен. Стаклото е тешко и скапо, а во McLaren со изоставањето на стаклото го добија најлесниот модел на автомобил во својата понуда, иако уште не е позната точната тежина на Elvа.
Elva ќе чини 1,7 милиони долари. McLaren ќе произведе вкупно 399 вакви возила, а испораката почнува во текот на наредната година.