Околу 21 милион денари од мерката МојДДВ веќе се префрлени на сметките на 16.600 граѓани на првиот ден од повратот, инфрмира министерката за финансии Нина Ангеловска по прес-конференција за проектот за поставување фотоволтаици на јавни објекти.
– Исплатите се започнати. Пристигнуваат и во трезорот кај нас. Најнов податок е дека 16.600 граѓани веќе ги добија парите на своите сметки. Вкупно 21 милион денари се веќе вратени на сметките на граѓаните. Исплатата продолжува постојано, пристигнуваат и се обработуваат податоците – рече Ангеловска.
Таа апелираше сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ.
Според неа,просечно 180.000 граѓани секој месец скенираат фискални сметки, а најмногу сметки скенираат граѓаните во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, како и во Битола и во Штип.
Таа најави дека од 15 декември ќе почне наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.