Мразот на Гренланд може да биде многу понестабилен отколку што претходно мислеа научниците покажува најновото истражување кое открива како езерата на површината на глечерите се цедат на дното на мразот за само неколку часа.
На интернет се појави видео на кое може да се види едно такво исчезнување на глечерот Стор во Гренланд. Во јули 2018 година езерото на површината на глечерот изгубило 2/3 од водата, што е еднакво на 2.000 олимписки базени. Таа вода се исцедила во длабочините на мразот на 1 км под површината. Дури и откако престанало наглото цедење, останал процепот низ кој може да се цеди секоја наредна стопена вода.
Секоја година има стотици големи водопади кои носат вода, но и големи количини енергија до основата на ледената покривка. Таа вода потоа го наводенува дното на ледената покривка и го олеснува откинувањето на огромни санти лед во морињата и океаните, каде што тие ќе се стопат и ќе го покачат нивото на водата.