Консултантската компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ги повикува компаниите да аплицираат на повикот на ФИТР

- Advertisement -

Консултантската компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП специјализирана за деловно и корпоративно право со докажана ескпертиза од областа на правен и економски консалтинг, во врска со Јавниот Повик кој е во тек Ве повикува да аплицирате и да ни се обратите за подетални информации околу начинот и условите за аплцирање на новиот повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – “Кофинансирани грантови за технолошки развој”.

Фондот за иновации и технолошки развој им стои на располагање на комапниите со шест милиони евра или триста шеесет и девет милиони сто педесет и шест илјади и шестотини денари за нова современа опрема. Половина од средствата ќе бидат доделени на фирми кои веќе аплицирале за грант и ги имаат поминато сите проверки, додека другата половина од парите се наменети за компании кои првпат аплицираат.

- Advertisement -

На овој повик за грант може да се јават сите микро, мали, средни претпријатија и приватни здраствени установи.

Рокот за аплицирање по скратена постапка е до 27ми декември, а за редовна постапка до 5ти февруари.

- Advertisement -

Редовната постапка овозможува финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здраствени установи кои ги исплнуваат условите ов Правилникот за Инструментот за кофинансирани грантови за технолошки развој.

Скратената постапка важи за апликанти чии предлог проекти не биле одобрени за финансирање од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, а кои ја поминале фазата на административна проверка и фазата на претселекција. Истите можат да повторно да аплицираат на јавен повик по скратена постапка, со истиот подобрен предлог проект со кој учествувале на претходен јавен повик од Фондот.

- Advertisement -

„Имајќи го предвид големиот интерес на компаниите за аплицирање на јавниот повик, тимот на Консалтинг Интер Груп е спремен да одговори на сите заинтересирани во поглед на изготвувањето на целата документација како и да ги поддржува во целиот процес на аплицирање до целосната реализација“, вели Пенка Мукаетова, генерален менаџер на Консалтинг Интер Груп.

Сподели!
- Advertisement -