ФОТО: Во центарот на Софија се градии плоштад со нула штетно влијание врз околината

- Advertisement -

Италијанското студио за дизајн Studio Fuksas неодамна ги откри дизајните за новиот плоштад Света Недела, која ќе се наоѓа во центарот на Софија, а ќе биде со нула штетно влијание на околината.

Ќе се наоѓа пред црквата „Света Недела“, а според проектот, ќе биде еден вид мост меѓу старите корени и мордениот урбанизам со современ дизајн кој ја отскликува историската архитектура во градот. На плоштадот ќе има проѕирни соларни панели и систем за собирање на дождовната вода.

- Advertisement -

Новиот плоштад ќе биде комбинација од напредните амбиции на земјата и културните корени. Целта е да се намали дихотомијата меѓу стариот и модерниот дел од градот. Ќе се простира на површина од 34.000 квадратни метри и ќе биде поделен со трамвајска линија на два дела – јавен парк и поплочен плоштад.

Под плочките со кои ќе биде поплочен ќе се наоѓаат историски слики, а делови ќе бидат подигнати како еден вид сенки во шума и ќе имаат форма слична на роза, која е националното цвеќе на Бугарија.

- Advertisement -

Се очекува изградбата на плоштадот за започне во 2021 година, а да биде завршена во 2023 година.

Сподели!
- Advertisement -