Откриена најдлабоката точка на Земјата

- Advertisement -

Најдлабоката точка на континенталната кора на Земјата беше откриена на источниот дел од антарктикот, под глечерот Денман. Овој кањон наполнет со лед достигнува дури 3,5 километри под нивото на морето, пренесува BBC.

Карактеристиките на откриеното корито ќе бидат клучни за разбирање како може да се смени поларниот југ во иднина. За споредба, досега најниското тло на Земјата беше измерено на брегот на Мртвото Море, а се наоѓа на само 413 метри под нивото на морето.

- Advertisement -

„Ова е несомнено најпрецизен портрет на она што се наоѓа под ледените плочи на Антарктикот. Рововите во океаните се подлабоки, но ова е најдлабокиот кањон на копно” појаснуваат научниците, кои на откривањето на најдлабоката точка на Земјата работеле шест години.

Научниците неколку пати се обидувале да го снимат звукот на дното на Денман, но не успеале поради одекот од страничните ѕидови, кои не дозволуваат да се открие вистинската срцевина на глечерот.

- Advertisement -

Најдлабоката точка во океаните, пак, е Маријанската бразда, која е длабока 11 километри под морската површина.

Сподели!
- Advertisement -