„Скејл Фокус” ќе инвестира 45 милиони евра во Maкедонија

- Advertisement -

Договор за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска во Владата потпишаа министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и Пламен Цеков, основачот и извршен директор на најголемата бугарска софтверска компанија „Скејл Фокус”, со кој таа се обврзува во наредните пет години да инвестира 45 милиони евра во земјава и да отвори повеќе од 300 работни места за софтверски инженери.

„Скејл Фокус”, која според извештајот на „Фајненшал тајм” за 2019 година е во 1.000-те најбрзорастечки компании во Европа, веќе на почетокот на овој месец ја отвори својата фирма во Скопје во која првично ќе работат 85 лица, а во наредните пет години нивниот број ќе стигне до 300. Компанијата има над 1.000 вработени и свои канцеларии во Бугарија, САД, Обединетото Кралство, Швајцарија и Германија и работи за 300 клиенти од кои 200 се од листата на најбогатие 500. Таа во моментов работи на 500 проекти.

- Advertisement -

Во новата коммпанија во нашата земја ќе се реализираат унапредени верзии на софтверските производи на оваа компанија во областа на дигиталните трансформации, електронското управување и сигурност и заштита на податоци, како и во целосна изградба и одржување на софтверски системи и решенија на највисоко ниво. Тие ќе се интегрираат во постоечките  водечки проекти на најпознатите компании како ИБМ, Оракал, Мајкрософт,…

Основачот и извршен директор на „Скејл Фокус”, Цеков рече дека виделе оти во земјава има многу талентирани млади луѓе на кои, како што рече, треба да им се даде можност во ИТ индустријата за софтвер.

- Advertisement -

– На тој начин ќе се создаде средна класа која ќе работи на светски проекти со европски плати. Имаме добро искуство со работници од Македонија. Затоа Македонија ја гледаме како најдоброто место каде можеме да ја направиме нашата најголема инвестиција во странство, рече Цеков и се заблагодари за поддршката од Владата.

Сподели!
- Advertisement -