- Advertisement -
Ви го претставуваме најеколошкото шише за шампон во светот. Најнеобичниот момент кај шишето е тоа што не е направено од ниту еден вообичаен материјал за шишиња, туку е направено од – сапун.
Шампонот е спакуван во шишето, кое нема никакви отвори затоа што е направено и целосно затворено во калап. За да го „отворите“ треба да исечете еден од ќошевите.
- Advertisement -
Берлинската дизајнерка Јона Брајтенхубер го создаде шишето Soapbottle со цел да помогне во борбата против пластичниот отпад. Просечниот човек користи по неколку пластични шишиња за гел или шампон годишно.
Кога ќе го потрошите шампонот спакуван во Soapbottle, можете шишето да го користите како сапун.
- Advertisement -