Турскиот претседател Ердоган го претстави првиот турски електричен автомобил

- Advertisement -

Турскиот претседател Ердоган го претстави првиот турски електричен автомобил. „Денес сведочиме на историски ден за нашата земја. Сведочиме на остварувањето на турските соништа од пред 60 години“, изјави Ердоган во претриемничкиот центар Gebze IT во близина на Истанбул.

Ова ќе биде прв турски обид за масовно производство на сопствен автомобил по неуспешниот обид од шеесеттите години. Автомобилот треба да се произведува во фабрика во Бурса, на околу 150 км јужно од Истанбул. Годишно ќе се произведуваат до 175.000 автомобили, а во производството на автмобилот ќе бидат вработени 4.000 луѓе.

- Advertisement -

Владата го додели земјиштето за фабриката, понуди даоночни олеснувања и вети да купи 30.000 автомобили до крајот на 2035 година. Ердоган не ја објави цената на автомобилот.

Неколку глобални брендови, вклучувајќи ги и Toyotа и Hyundai, веќе произведуваат автомобили во Турција, од кои најголем дел се извезуваат по Европа. „Со години зборуваме дека Турција мора да произведе сопствен автомобил, дека заслужуваме повеќе отколку само да монтираме туѓи автомобили“ изјави Ердоган на претставувањето на автомобилот.

- Advertisement -

Конзорциумот од производители „Турска групација за автомобилска иницијатива“ ќе ја поддржува изработката на автомобилите. Конзорциумот е основан на средината на минатата година, а е составен од Anadolu Group, BMS, Kok Group, мобилниот оператор Turkcell и Zorlu Holding.

Сподели!
- Advertisement -