Volkswagen развива концепт на роботски полнач на електрични автомобили

- Advertisement -

Volkswagen на YouTube објави видео на кое може да се види нивниот нов концепт за полнење на електрични возила во јавните гаражи. Според видеото, во иднина електричните автомобили кои се движат по градовите и се паркираат во гаражи полесно ќе се напојуваат со електрична енергија затоа што за тоа ќе бидат задолжени мали автономни роботи.

Кога возачот ќе го паркира автомобилот и преку апликација за телефон ќе побара полнење, задачата на тие мини роботи ќе биде да најдат полна батерија на полначот во гаража, да ја земат оттаму и да ја однесат до автомобилот. Автомобилите цело време ќе комуницираат со роботите, ќе му ги отвораат капаците од приклучокот за полнење, а роботот ја приклучува батеријата на нeго и оди на следната задача. Исто така, после завршувањето на полнењето, роботот има задача да ја стави батеријата назад на полначот.

- Advertisement -

Volkswagen веќе има функционален концепт за овој систем опремен со батерии со капацитет од 25 kWh, кои се во состојба да ги полнат возилата со струја 50 kW преку брз полнач. Роботот може истовремено да работи и да превезува повеќе батерии.

Ова решение може да ја олесни инсталацијата на станици за полнење во гаражите затоа што бара само една станица, а се останато го прави роботот, па не мора да се поставува инсталација до сите паркинг места. Засега нема информации за тоа кога овој концепт на Volkswagen ќе стане комерцијален производ.

Сподели!
- Advertisement -