Лондон има „библиотека“ во која можете да позајмите се што ви треба

- Advertisement -

Лондон има „библиотека“ во којашто можете да позајмите се што ќе ви треба. Значи, не мора да купувате ништо ново, туку можете да го делите со други. Било да е тоа да ви треба дупчалка, звучници, па дури и апарат за правење вафли, едноставно плаќате незначителна месечна сума за да ги користите кога ќе ви притребаат.

Ова е дефинитивно поисплатливо отколку да купувате нови уреди и апарати, ви заштедува простор дома, ви помага да се зближите со соседството и најбитното од се е дека е подржливо за планетата Земја и води до циркуларна економија.

- Advertisement -

Т.н. Library of Things се наоѓа во Кристал Палас, во јужниот дел на Лондон. Но, Лондон не е единственуиот град кој промовира циркуларна економија. Берлин има продавници во коишто можете да донирате некаков предмет и да си земете нешто друго од продавницата. Во Торонто, пак, за мала годишна претплата можете да користите илјадници предмети коиѓто ги има во Sharing Depot.

Денес луѓето користат 50% повеќе природни ресурси отколку пред 30 години, а секоја година се трошат 60 милијарди тони суровини. Тоа е еднакво на тежината на 41 згради со големина на Емпајер Стејт. Ако секој во светот троши суровини колку што трошат луѓето во Велика Британија, ќе ни бидат потребни 3,5 Земји за да ги задоволат нашите потреби.

London has a library where you can borrow anything you need

What could you borrow rather than buy?🔎 Learn more about the circular economy: https://wef.ch/2QhuHSI

Posted by World Economic Forum on Четврток, 02 јануари 2020
Сподели!
- Advertisement -