Претставен најбрзиот паметен воз во светот

- Advertisement -

Кина го претстави својот нов брз воз, со кој сака да ги поврзе градовите за време на Зимските Олимписки игри во 2022 година. Со 5G сигнал, безжично полнење и паметни светла, возот G8811 тргна на првото патување од железничка станица на северот на Кина на крајот на минатата година. Тој превезе патници до местото Жангјиаку на северот на кинеската провинција Хебеи.

Железничката пруга е долга 174 км со 10 станици. На рутата се изградени и неколку подземни тунели. Со максимална брзина од 350 км/ч, се скратува времето за патување од Пекинг до Жангјиаку од над три часа на само 47 минути.

- Advertisement -

Јанг Јанг, зимскиот олимписки првак и претседател на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, беше меѓу првите патници. Изградбата на железничката пруга траела околу четири години.

Возовите на оваа рута може автоматски да почнат да возат или да сопрат, да се движат меѓу станици, да отвораат и да затвораат врати, како и да решаваат итни случаи. За спортистите на возот има простор за сноуборд и за друга скијачка опрема. Стартувана е и услугата е-билети за патниците да можат да ги користат личните карти или да скенираат QR кодови за проверка на автентичноста наместо да чекаат во ред за хартиени билети.

Сподели!
- Advertisement -