Кога станува збор за компанијата Sony, главно се поврзува со технологија, со TV уреди, Vaio лаптопи и PlayStation конзолите, но технолошкиот и електронсиот гигант од Токио на годинешниот Consumer Electronic Showu во Лас Вегас подготви големо изненадување – го претстави својот електричен автомобил Vision-S…
Vision-S e електричен автомобил со елегантен дизајн што има напреден систем за автономно возење.
Моделот со својот лик потсетува на Porsche Taycan и Lucid Air, a креиран е пред се со цел Sony да ги демонстрира своите можности на полето на технологијата на автономно возење за автомобили.

Инаку, Vision-S e произведен во соработка со компаниите Nvidia, Continental, Bosch, ZF и Qualcomm, располага со 33 сензори што детектираат луѓе и предмети не само вон автомобилот, туку и во него.
Назад се индивидуални седишта, a автомобилот добил и голем панорамски покрив .
Од Sony не ги откриваат техничките спецификации на автомобилот, но соопштија дека го задвижуваат два електромотори што развиваат моќ од вкупно 268 KS и му овозможуваат забрзување од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од 240 km/h.
На арматурната плоча има екрани помеѓу кои се и тие во аглите што покажуваат тоа што го снимаат камерите што ги заменуваат страничните ретровизори.

Од Sony велат дека Vision-S е опремен со 360 Reality Audio систем што овозможува совршен звук, a некои звучници се интегрирани и во седиштата.

Компанијата од Јапонија во развој на платформата на електричниот автомобил соработувала и со Magna Steyr.
(Извор – avtoklub.mk)