Компаниите Uber и Hyundai на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас претставија летачко такси кое би можело да ги смени навиките на патниците во градовите. Леталото Personal Air Vehicle (PAV) има пет седишта и може да се нарача преку апликацијата на Uber.
Првиот прототип ќе биде завршен до 2023 година, а првите тест летови планираат да ги реализираат годинава, најавија од Hуundai. За почеток пилот ќе управува со леталото, додека не биде усовршен софтверот за автономно возење. Максималната брзина на летачкото такси ќе биде 290 км/ч на висина од околу 300–600 метри.
Hуundai е една од компаниите кои претставија летачки такси за возење по градовите. Летачкиот автомобил на Boing, на пример, го имаше првиот пробен лет во 2019 година на мал аеродром во близина на Вашингтон. Соосновачот на Google, Лери Пејџ, исто така инвестираше во неколку помали стартапи кои развиваат технологија за летачки автомобили.