Икеа ги награди вработените со празничен бонус од 4.000 евра

- Advertisement -

Многу компании во Норвешка ги израдуваа своите вработени со бонуси за Божиќ и Нова година.

Една од нив е и компанијата Икеа, која годинава ги награди своите вработени со празничен бонус во вредност од 40.000 круни или околу 4.000 евра.

- Advertisement -

Имено, на секој еден од вкупно 3.000 вработени во компанијата, без оглед на својата позиција, компанијата му исплати божиќен и новогодишен бонус во вредност од 4.000 евра.

Секој работник што поминал најмалку шест месеци во нашата компанија ќе добие бонус, изјавија од компанијата која за празнички бонуси издвои околу 12 милиони евра.

- Advertisement -

Ова е досега најголем износ што компанијата им го исплатила на своите вработени во Норвешка како бонус за новогодишните празници.

Кога ќе постигнеме добри резултати, тоа првенствено се должи на успешното работење на нашиот персонал. Затоа сакаме да им се оддолжиме на сите кои на одреден начин придонеле за тоа, а бонусите се добра можност да го сториме тоа, велат од Икеа.

- Advertisement -

Инаку, Икеа бележи значителен раст во однос на 2018 година кога нивната продажба се намали за прв пат по 20 години.

Сподели!
- Advertisement -