Обновливите извори на енергија во текот на 2019 година биле најголем европски извор на електрична енергија. Ова е прв пат обновливите извори да го преземат приматот од фосилните горива, при што хидроенергијата и понатаму е главен обновлив извор, покажува анализата на компанијата EnAppSys.
Во извештајот на компанијата за пазарот на електрична енергија се наведува дека од обновливи извори лани во ЕУ биле произведени 1029 терават-часови електрична енергија, наспрема 941 терават-часови произведени од фосилни горива и 777 терават-часови од нуклеарни централи.
Преведено во проценти, во 2019 година 37,5% од производството на електрична енергија дошло од обновливи извори, 34,3% од фосилни горива и 28,3% од нуклеарните електрани.
Од произведената електрична енергија од обновливи извори најголем дел и понатаму доаѓа од хидроелектраните и во 2019 година хидроцентралите произведел 425,8 терават-часов електрична енергија. Ветроелектраните 382,5терават-часови, a соларната енергија се зголемила од 81 терават-час во 2015 година на 113,5 терават-часови минатата година. Во таа временска рамка значително пораснала и енергијата од биомаса – од 65,7 TWh на 92,6 TWh.