Само во последните неколку години беше уништено огромно културно-историско и природно богатство. За речиси се што се случи е виновен човекот – дали поради предизвикувањето на климатските промени, поради негрижа или поради директна примена на сила. Ова се пет примери на изгубена архитектура и природа само во последните пет години.
Нотр Дам, Париз
Кога се појави пожар во оваа катедрала целиот свет беше шокиран и тој настан стана лична трагедија за сите жители на Франција. Ремек делото од француската готичка архитектура почна да гори на 15 април 2019 година. Според полициските извештаи, почарот почнал на средината на кровот од катедралата. Причините за оваа трагедија и понатаму се истражуваат, а една од теориите е дека пожарот е поврзан со реставрацијата на која се работело во времето на несреќата.
Плажата Легзира, Сиди Ифни, Мароко
Преубавиот премин на плажата Легзира беше симбол на Мароко се додека не се сруши во 2016 година. Се што остана од ова обележје кое привблекуваше милиони туристи е куп од камења и песок. Неколку месеци пред трагедијата луѓе забележале пукнатини на преминот, како и камења кои паѓале на земја.
Храмот Бел, Палмира, Сирија
Главниот храма на Палмира беше уништен во 2015 година во текот на војната во Сирија. Храмот беше еден од најбитните религиозни храмови, кој датира уште од 1 век од нашата ера. Се што остана од него се два столба кои стојат среде рушевините. Градот Палмира е под заштита на УНЕСКО, а во рушевините на градот остана закопана уметноста, како и архитектурата создадена во 1 и 2 век од нашата ера.
Националниот парк Joshua Tree, Калифорнија, САД
Националниот парк Joshua Tree е преубаво место кое може да се пофали со уникатен пустински екосистем, бнадреални геолошки карактеристики и разни необични билки. Намалувањето на бројот на ренџери кои се грижат за паркот доведе до зголемен вандализам. Луѓето сечеа дрвја, палеа огон, оштетуваа стази и испишуваа графити насекаде по паркот. Еден од надлежните смета дека на паркот ќе му требаат 200 до 300 години за да се опорави од штетата која му ја нанеле луѓето.
Малата сирена, Копенхаген, Данска
Скулптурата Мала сирена ја дизајнирал Едвард Ериксен во 1909 година. За краткото постоење беше уништувана неколку пати. Преубавата сирена двапати ја обезглавија, остана без раце, ја потураа со боја и цртаа графити по неа.