Маск тврди дека до 2050 година на Марс може да живеат 1 милион луѓе

- Advertisement -

Компанијата SpaceX има план луѓето да ги направи мултипланетарна раса. Имено, директорот на компанијата, најпознатиот иноватор на денешницата, Илон Маск, на Twitter откри план за колонизација на Марс. Тој тврди дека планот ќе биде реализиран до средината на овој век и дека на Марс дотогаш ќе може да живеат 1 милион луѓе.

Одговарајќи на прашања на корисниците на Twitter, Маск напиша дека просечно три лансирања дневно со Starship е нивната крајна цел, што значи околу 1.000 летови годишно. Исто така, изградбата на 100 Starshiр годишно значи дека за 10 години ќе има 1.000 ракети. Маск додаде дека за мултипланетарен живот е потребно лансирање на мегатински товар годишно, а со наведената статистика и тоа е возможно.

- Advertisement -

Не можеме да кажеме колку се реални предвидувањата на Маск. Првиот чекор кон остварувањето на неговата цел е испраќање на првиот човек во вселената, а тоа SpaceX планира да го направи годинава.

Сподели!
- Advertisement -