Македонија2025 доделува шест стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

- Advertisement -

Исклучителна можност за врвна едукација на македонските извршни директори и менаџери преку менторство, вмрежување и практично учење

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да изберат помеѓу две тринеделни обуки: програма за развој на извршни директори или програма за корпоративно управување.

- Advertisement -

Програмата за развој на извршни директори се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија. Програмата за корпоративно управување ги унапредува вештините на менаџерите за управување со раст и водење на компанијата низ предизвиците и можностите на современиот глобален пазар и влијае врз натамошен лидерски развој на учесниците со цел раст на компаниите.   

Програмите за обука на извршните директори се дизајнирани во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство. Тие ќе ги обноват и надоградат веќе стекнатите вештини на македонските бизнис професионалци и ќе придонесат кон понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.

- Advertisement -

Повикот е отворен до 20-ти февруари 2020. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање можете да најдете во отворениот повик на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапен ОВДЕ.

Сподели!
- Advertisement -