Сојуз на стопански комори на Македонија со иницијативата на жени во климатска акција отпочна со кампања, посветена на подигнување на свеста и преземање мерки со кои се мотивираат и ангажираат институциите и компаниите да се борат со загадувањето и климатските промени. Загадувањето е на алармантно ниво не само на воздухот туку и на животната средина воопшто, што се одразува негативно и со долгорочни последици за сите кои живеат и работат во Македонија.
„Членовите на Сојузот, директно придонесуваат за справување со загадувањето и климатските промени, но потребно е акцијата да биде масовна. Затоа ги повикуваме сите да се придружат во акцијата која е едноставна, но ефективна. Секој треба да оцени колку од овие активности ги спроведува во својата институција или компанија, помагајќи да стане поодржлива, а во исто време и помагате на државата и светот во акцијата против климатските промени” изјави Арсовска.
Компаниите членови на Сојузот активно ги превземаат следните 10 чекори кои се повик за делување на сите институции, организации и компании.
- Застапување на барања за акција за справување со загадувањето и климатските промени пред институциите на локално и национално ниво
- Подигнување на свеста кај своите вработени, партнери, добавувачи, потрошувачи, медиумите и други засегнати страни
- Избираат добавувачи кои применуваат добри практики за заштита на животната средина
- Промовирање на еколошки начин на работа, без употреба на хартија, преку користење на дигитални алатки со што се намалуваат трошоците и употребата на вишок материјали
- Превземаат мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови
- Делуваат кон намалување на потрошувачката на енергија на работното место
- Одбираат обновливи извори на енергија за своите потреби и проекти
- Делуваат кон намалување на производството на отпад, рециклираат, вршат поправка наместо замена за нови предмети на работното место
- Поттикнуваат користење јавен и алтернативен транспорт
- Одбираат зелена инфраструктура и опрема според најновите еколошки стандарди, опрема која е ефикасна енергетски и одржлива
Македонија веќе со денови не се спушта од листата на држави кои се најзагадени во светот. Деновиве е меѓу првите 10 земји според светската страница за мерење на квалитетот на воздухот „АирВизуал“.