„Витаминка“ се претставува на саемот ISM 2020 во Келн

- Advertisement -


„Витаминка“ има успешно претставување на својот асортиман производи на саемот за кондиторски производи – ISM 2020 во Келн, соопштија од компанијата. Саемот почна вчера и ќе трае до 5 февруари. Настапот на саемот ISM 2020 е од големо значење за изложувачите, затоа што на тој начин се обезбедува успешно пробивање до светските пазари.

Прилепска „Витаминка“ традиционално зема активно учество на овој престижен саем осум години по ред и се претставува со целиот асортиман на грицки и слатки производи, кои што предизвикуваат особен интерес од страна на посетителите. На тој начин компанијата го потврдува фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, како и со креирање конкурентна понуда за задоволување и на најспецифичните барања од страна на потрошувачите се олеснува патот до глобалниот пазар, пишува во соопштението.

- Advertisement -

Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите.

На саемот во Келн оваа година учествуваат повеќе од 1.600 производители од 65 земји од светот. На просторот од 120.000 квадратни метри се очекува посета од повеќе од 38.000 посетители од 140 земји од светот.

- Advertisement -

(instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -