Индиски научници тврдат дека направиле „вселенски тули“

- Advertisement -

Научници од индискиот Институт за наука во соработка со колеги од Индиската организација за истражување на вселената направија „вселенски тули“. Научниците тврдат дека направиле посебни тули за градење живеалишта на Месечината, кои ќе овозможат подигнување објекти на овој природен сателит.

Куќите на Месечината би имале за цел престој поради подетални истражувања. Тулите, како што велат научниците се направени од материјал кој ја симулира Месечевата површина, а го направиле врз база на примероците кои НАСА ги собрала на своите мисии.

- Advertisement -

Овој изум, како што пишуваат индиските медиуми, ќе овозможи градење објекти, вклучително и згради кои за чија изградба се потребни срередства од површината на Месечината. Според научниците, тулите се направени од вештачки произведен материјал, така што 99,6% одговараат на карактеристиките на примероците кои НАСА ги донела од мисиите Аполо.

Според индиската амбициозна програма за истражување на вселената, во рамките на мисијата Гаганиан во 2022 година во вселената ќе бидат испратени луѓе. Четворица од нив веќе се избрани и ќе бидат обучувани во Русија.

Сподели!
- Advertisement -