Одобрен првиот лек за алергија на кикиритки кај децата

- Advertisement -


Управата за храна и лекови во САД на 31 јануари го одобри првиот лек наменет за третирање на алергија на кикиритки кај децата. Лекот се вика „палфоризиа“ и нема баш на децата кои се алергични на кикиритки да им овозможи да уживаат во путер од кикиритки, но ќе ја намали опасноста од некои од реакциите кога случајно ќе голтнат нешто што има кикиритки во составот.

Лекот „палфоризиа“ ќе се користи орално. На децата паралелно ќе им се даваат мали дози кикиритки, кои постепено ќе се зголемуваат. Предвидено е терапијата да трае шест месеци со задолжителен медицински надзор, а осмислена е така што организмот постепено ќе се навикнува дека кикиритките не се никаква опасност.

- Advertisement -

Претставници од биофармацевтската компанија Аimmune Therapeutics, која има седиште во Бризбејн, Калифорнија, која го направи лекот, велат дека лекот не може целосно да ја излечи алергијата и дека и покрај земањето на лекот, постои ризик од анафилактичен шок.

Тие нагласуваат дека 9% од децата кои учествувале во тестирањето престанале со третманот затоа што имале сериозни алергиски реакции. Сепак, овој лек може да го подобри квалитетот на животот на децата кои имаат таква алергија така што ќе се намали ризикот од инфекција кога случајно ќе дојдат во контакт со кикиритки.

- Advertisement -

Новиот лек е тестиран на деца и утврдено е дека 2/3 од учесниците можеле да изедат 2 кикитирки бе алергиски симптоми после повеќемесечен третман.

Сподели!
- Advertisement -