Белград наскоро ќе добие музеј на чоколада

- Advertisement -

Омилениот десерт во светот со стотици години наназад ќе добие свој музеј во Белград на 18 февруари. Чоколадата во српската престолнина ќе дoбие музеј посветен само на неа – од самото откривање во Јужна Америка до денес.

Музејот ќе биде поделен на повеќе простории, па така првата соба ќе биде декорирана како јужноамериканска џунгла со оригинални експонати од Маите и Инките. Втората просторија ќе биде преуредена како Европа во 18 век кога чоколадата пристигнала на нашиот континент, а наредната просторија ќе биде посветена на чоколадата на регионот на бивша југославија и Србија се до денес.

- Advertisement -

Основачот на музејот вели дека идејата не е оригинална затоа што таков музеи постоjaт во Виена, Прага, Брисел, Будимпешта, Париз,а на крајот на минатата година се отвори таков музеј и во Загреб, но смета дека овој музеј ќе биде поедукативен од нив затоа што во него ќе има автентични експонати од Маите, за кои морал да чека три и пол месеци да пристигнат во Србија.

Ву јужноамериканската соба посетителите ќе можат да извлечат некое од пророштвата на Маите, ќе има простор и за селфи фотографии, како и дегустација на некои чоколади.

- Advertisement -

Иако во последно време не заплашуваат информациите за проблемите со плантажите со какао поради климатските промени, основачот на музејот на чоколада во Белград вели дека немаме причина за грижа затоа што музејот секогаш ќе биде полн со чоколада.

Сподели!
- Advertisement -