Париз целоснo ќе се преобрази пред стартот на Летните олимписки игри 2024

- Advertisement -

Во блиска иднина обележјата на француската престолнина како Ајфеловата кула и кулата Монпарнас ќе доживеат сериозна преобразба, а крововите на париските згради ќе станат најголема светска урбана градина. Но, тоа не е се што се очекува од Париз.

Посетителите на Париз ќе можат да се бањаат во Сена и да вечераат во амбиент на напуштена подземна железничка станица. Ова е само дел од најаве ните проекти за ревитализација на градот по повод одржувањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2024 година, чиј домаќин ќе биде Париз.

- Advertisement -

Овие измени треба да означат ново поглавје во историјата на најпопуларната туристичка дестинација во светот. Во текот на наредните четири години напуштените, неупотребливи или едноставно запуштени простори во градот ќе се трансформираат во хотели, музеи, дестинации за излегување, спорт и уживање во слободно време.

Некои од неостварените проекти за време на мандатот на еколошки настроената градоначалничка Ана Хидалго и кампањата наречена Reinventing Paris, која започна во 2014 година,ќе бидат отстапени на сегашните челници на градот.

- Advertisement -

Предлозите се креирани од мултидизциплинарни тимови од архитекти, пејзажисти, социолози, економисти, истражувачи на полето на урбаното земјоделство, а предноста е во тоа што ги оживуваат просторите со мешовита намена, односно ги претвораат во деловни простории, хотели, центри за дневна нега, спортски центри, базени итн.

Еден од најамбициозните проекти на бившата градоначалничка Хидалго беше да се исчисти реката Сена до 2024 година за учесниците во триатлонот да пливаат баш во неа. Според планот, заклучно со почетокот на летната Олимпијада треба да биде прочистена водата во целиот речен тек, што ќе чини повеќе од милијарда евра, за да се намали присуството на бактеријата ешерихија коли, фекалните материи и останатите загадувачи во водата. Предноста на овој проект е што жителите на Париз ќе добијат урбана плажа во самиот центар на градот.

- Advertisement -

Досега градот успешно спроведе пробно чистење на текот на Сена во 19. арондисман и каналот го претвори во место за капење во 2017 година. Според податоците од 2018 година, во тој канал пливале 110.000 луѓе. Ако се оствари целосниот план, до 2025 година долж Сена ќе никнат дури 23 места за капење, од кои пет ќе бидат во Париз.

Најпознатата кула во светот, Ајфеловата кула, ќе стане бели дробови на Париз. Имено, локалитетот кој годишно го посетуваат 30 милиони туристи, од кои 7 милиони се качуваат на кулата, треба да се трансформира во урбан парк, првенствено наменет за семејни излети, а потоа и за туристички посети.

За таа цел предвидено е мостот Јена, кој ги поврзува градините на Трокадеро со Ајфеловата кула, наместо да претставува премин преку Сена за автомобили и скутери, да стане целосно пешачки мост прекриен со зеленило. Исто така, околината околу плоштадот Трокадеро треба да се претвори во зелена површина со амфитеатарски седишта со оптимален поглед на Ајфеловата кула.

Некогашната подземна метро станица во наречена Круа Руж, која одамна не се употребува, до 2022 година ќе стане нова дестинација за излегување. Таму треба да се отвори нов гастрономски центар со ресторани, кафулиња, вински и коктел барови.

Уште еден амбициозен проект кој е дел од планот е претворањето на кровот на саемската сала Порт де Версај, со големина на две фудбалски игралишта, во простор за производство на овошје, зеленчук и најразлични билки. Со тоа Париз треба да стане дом на најголемата кровна урбана градина во светот. Се очекува дека таа фарма ќе произведува до 1000 парчиња овошје и зеленчук дневно, како и да организира работилници за сите кои се интересираат за урбаното земјоделство.

Сподели!
- Advertisement -