Шведскиот моден гигант H&M во март ќе претстави кожа направена од виснки отпад

- Advertisement -

Иднината на модната индустрија е во употребата на биолошки материјали. Шведскиот моден гигант H&M го знае тоа, па затоа на 26 март ќе претстави веганска алтернатива за кожа која е направена од биолошки производи од вино.

Купувачите ќе можат да си купат неколку модели на чанти и чевли од колекцијата Conscious, кои се направени од мека веганска кожа која ја дизајнираше италијанската компанија Vegea.

- Advertisement -

Во колекцијата ќе бидат претставени и нови бои кои се направени од зрна кафе во просториите на H&M во Кина, како и полиестер направен од рециклиран материјал. Ако планираме сигурно за зачекориме во иднината, мора повеќе да се свртиме кон употребата на биолошки материјали.

Не се во прашање само материјалите, туку и фактот дека можеме да дизајнираме облека која ќе трае подолго и која евентуално ќе може да се рециклира. Мора да научиме како да ги увериме купувачите да ги прифатат навиките кои се добри за околината и да почнат да купуваат ваква облека, да ги научиме што е паметно и еколошки“, велат од H&M.

- Advertisement -

Минатата година познатата колекција Conscious претстави веганска кожа од ананас и свила од портокал.

Сподели!
- Advertisement -