Дигитален корона вирус се шири на интернет

- Advertisement -

Паниката поради епидемијата на корона вирусот се прошири и во виртуелниот свет. Имено, експертите за безбедност забележаа брзо ширење на злонамерна програма и тоа преку имејл наречен корона вирус.

Во порака која најпрвин се појавила во Јапонија, но се шири во целиот свет, пишува дека нивниот регион е заразен со корона вирус и повикуваат да се преземе документот кој содржи мерки за превенција кои треба да се применат веднаш.

- Advertisement -

Откако жртвата ќе го преземе документот и ќе се обиде да го отвори во Word се појавува порака дека форматот на документот не е поддржан и дека мора рачно да се прегледа. Токму тоа е клучно затоа што откако ќе се дозволи пристап, се инсталира злонамерен софтвер кој потоа добива пристап до приватните податоци на корисиникот. Тоа може да се случи и на мобилен уред и на компјутер.

Експертите за безбедност утврдија дека се работи за злонамерниот софтвер emotet, кој оригинално е создаден за хакерите да можат да ги украдат финансиските податоци од жртвите.

- Advertisement -

Експертите на IBM, кои ги идентификувале софтверот, ги предупредуваат корисниците од целиот свет да бидат внимателни при отворањето пораки од непознати испраќачи, но и при отворањето пораки од познати испраќачи ако пораките изгледаат сомнително.

Сподели!
- Advertisement -