Една од работите кои ја одбележаа минатата година беше борбата против климатските промени со шведската тинејџерка Грета Тунберг. Без оглед на тоа што мислиме за Грета Тунберг, климата и климатските промени кои негативно влијаат на нашата планета станаа битна и константна тема во медиумите, меѓу политичарите и институциите. Исто така, меѓу се поголем број луѓе се јавува свеста за зачувување на животната средина и се користат одржливи превозни средства.
Таквата промена на свеста и однесувањето на луѓето се почесто се нарекува „ефектот на Грета“. Така, во Германија се повеќе луѓе патуваат со возови со кои ги заменија авионите и придонесуваат за залувување на околината затоа што возовите загадуваат многу помалку од авионите.
Тоа е доказ за зголемена свесност на луѓето за климатските промени, која се рефлектира преку конкретни акции. Според бројките за Германија, во 2019 година таму е забележан пад на домашните летови од 12% и на летовите кон европските градови за 2%, додека во исто време железницата бележи рекорден број на патници. Германската железничка компанија Deutsche Bahn исто така бележи рекордни бројки на долгите патувања со воз, кои минатата година надминаа 150 милиони.
Уште една држава во која се забележани слични бројки е Шведска, на чии аеродроми е забележан пад на проемтот од 11% минатата година, додека е зголемен бројот на патници со возови.