Германија бара уште работници од Балканот и ја поедноставува процедурата за пријавување

- Advertisement -

На Германија и е потребна работна сила и владата го забрзува процесот на доселување на странски државјани. Во Бон е отворена нова служба, односно Централна канцеларија за признавање стручни квалификации – ZSBA, која ќе го координира прознавањето на стручните квалицификации стекнати во странство.

Германската економија е зависна од доселувањето, па затоа сојузната влада стартуваше програма за привлекување странски државјани наречена „Make it in Germany“, која моментално е национален приоритет.

- Advertisement -

„Без странски експерти нема да можеме да ја одржиме нашата благостостојба, Не можеме едноставно да чекаме на тие луѓе, мораме да се потрудиме околу нив“ изјавија од сојузната влада .

Германскиот Завод за статистика тврди дека бројот на работно способни граѓани до 2035 година ќе се намали за 4-6 милиони луѓе. Според наводите на Германската индустриска и трговска комора, DIHK, дури 56% од испитаните фирми сметаат дека недостигот од работна сила моментално е нивниот најголем ризик во бизнисот.

- Advertisement -

Секоја трета германска фирма во текот на изминатата година вработила работници од други земји-членки на ЕУ, односно од трети земји. Многу компании поради недостигот од работници не можат да прифаќаат нови нарачки и трпат огромна финансиска штета.

Сојузната влада конечно ги сфати предупредувањата на економистите и веќе некое време засилено работи на создавање претпоставки за привлекување експерти од странство. По долгите дебати, усвоен е Закон за доселување стручна работна сила, со што сојузната влада призна дека Германија е доселеничка земја и тоа шест децении после доселувањето на првиот бран гастербајтери.

- Advertisement -

Главната цел на новата програма е на странските работници да им се олесни пристапот до германскиот пазар на труд и тоа практично во сите стопански гранки. Според пишувањата на медиумите, во земјата моментално постојат 1.400 разни служби кои се занимаваат со признавање странски дипломи.

Процесот на признавање досега беше преногу комплициран и траеше многу долго, многу подолго отколку во скандинавските земји, САД или Канада. А Германија не може да си го дозволи тоа во глобалната битка за најдобрите експерти. Новата канцеларија треба да го регулира тоа.

Имено, луѓето заинтересирани за доаѓање во Германија најпрвин ќе треба да контактираат со ZSBA, која ќе им помогне во подготовката на целосната документација потребна за признавање на квалификациите. Канцеларијата, исто така, ќе им биде на располагање за советување и нивните молби ќе ги дистрибуира до надлежните институции на ниво на германските сојузни покраини.

Она што и помага на Германија, пак, отвора големи проблеми во Југиоисточна
Европа, која ја напуштаат не само најдобрите квалификувани кадри со универзитетски дипломи, туку и негувателки, машиновозачи, автомеханичари и работници од други гранки.

„Ние склучивме неколку билатерални договори. На пример, да не ги повлекуваме негувателките од медицинската бранша од земјите каде што се потребни тие работници. Сепак, мислам дека е неопходно да се овозможи слободно движење на луѓето затоа што така ќе профитираат и двете страни и тоа на крај ќе ги зацврсти и меѓудржавните односи“ велат од германската влада.

Сподели!
- Advertisement -