SpaceX потпиша договор за вселенски туризам

- Advertisement -

Времето за вистинскиот вселенски туризам само што не почнало. Компанијата SpaceX и Space Adventures потпишаа договор за лансирање на 4 патници во орбитата на Земјата со вселенското летало Crew Dragon, кое првите астронаути на НАСА за неколку месеци ќе ги одведе на Меѓународната вселенска станица.

Туристичките вселенски летови засега нема да вклучуваат посета на Меѓународната вселенска станица, туку ќе бидат ограничени на орбитирање околу Земјата во мисии со времетраење до 5 дена. Од Space Adventures велат дека првите туристи може да полетаат со Crew Dragon во вселената пред крајот на 2021 година.

- Advertisement -

SpaceX и Space Adventures засега не ја откриваат цената на туристичките вселенски аранжмани, но се очекува дека ќе бидат на ниво на други комерцијални летови, што значи дека ќе треба да издвоите барем неколку милиони долари ако сакате да резервирате билет.

Space Adventures досега превезуваше приватни клиенти во вселената кои тоа задоволство го плаќаа десетици милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -