Вештачка интелигенција може да предвиди кога пациентите ќе имаат срцев или мозочен удар

- Advertisement -

Вештачка интелигенција точно предвиде кога има можност за срцев или мозочен удар. Тоа е прв таков случај во светот. Во студијата, предводена од фондот Barts Health NHS Trust и Универзитетскиот колеџ Лондон, се користела вештачка интелигенција за анализа на ехокардиограми на повеќе од 1.000 пациенти.

Истражувачите велат дека ова е прв пат во светот компјутер да ги чита скенирањата на крвотокот, кои може да откријат проблеми со срцето. Технологијата била попрецизна во предвидувањата на големи кардиоваскуларни настани во период од 19 месеци отколку докторите кои користат традиционални методи.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека технологијата ќе може да се користи од страна на медицински тимови за препорачување третмани. Срцевите заболувања се водечка глобална причина за смрт и болести, а зголемениот крвен притисок е првиот симптом за многу срцеви заболувања.

Многу од методите за мерење на крвотокот на пациентите се инвазивни и ризични, иако има и некои неинвазивни методи како кардиоваскуларна магнетна резонанца.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -