Научници создадоа струја од воздух

- Advertisement -

Научници направија уред кој создава електрична енергија од воздухот. Уредот се вика Air-gen, а со помош на бактериите во воздухот може да направи доволно енергија за полнење на електрични уреди.

Овој уред наскоро би можел да ги полни батериите на нашите телефони. Една од најботните погодности на овој уред би била целосната елиминација на полначите за мобилен телефон од секојдневниот живот.

- Advertisement -

Безжичните полначи користат електромагнетна индукција за полнење на батериите на телефоните и другите уреди. Сепак, инженери пронајдоа поинаков начин на полнење. Air-gen генераторот користи природни протеини за создавање електрицитет од водена пареа.

„Струјата ја добиваме од воздухот“ вели инженерот и доцент по електротехника Џун Јао, кој до големото откритие дошол заедно со професорот Дерек Ловли.

- Advertisement -

Генераторот користи лента која се мери во нанометри. Станува збор за протеинска жица направена од микробот Geobacter sulfurreducens, кој произведува електрична енергија. Жиците се поврзани со електроди и спроведуваат струја користејќи ја водената пареа од воздухот.

Air-gen моментално може да се користи за напојување на мали уреди, но научниците сакаат да ја подобрат неговата функција. Една од нивните цели е користење на Air-gen за полнење на паметни часовници и фитнес алки.

Сподели!
- Advertisement -