Гостински пост на Маја Сталеска, партнер за меѓународна соработка во Primepoint
Неодамна бев во работна посета на Израел претставувајќи ја компанијата во која работам како партнер за меѓународен развој, “PrimePoint Partners” како и за развој на дополнителните соработки во врска со претстојниот “Challenge” (настан кој ќе се одржи во Битола во средината на месец март) со израелскиот амбасадор во Македонија, господинот Дан Ориан. Компанијата “PrimePoint Partners” е платформа на експерти кои се ангажирани на имплементација на развојни проекти во Македонија и во регионот, како и на консултантски ангажмани за македонски компании или странски инвеститори. Исто така, соработуваме со старт-ап компании и држиме обуки за лидерство, менаџмент, комуникациски вештини, финансиски вештини, итн.
Можам да кажам дека бев воодушевена од сите неверојатни луѓе со кои се сретнав. Амбасадорот Дан е толку посветен за развој на соработката помеѓу двете земји, што секогаш очекувањата се надминати од сите можни аспекти.
Имав можност да се сретнам и разговарам со професионалци и успешни луге во полето на развој на стартапи за кои во моментов активно работиме на развој на стратегија. Искуството и успехот на Израел како “Старт Ап” нација има огромен приднес во користење на добри практики и успешни приказни кои може да се имплементираат и користат кај нас. Дел од овие професионалци како Шахар Маторин, Михаел Мизрахи, Дорон Их Шалом ќе ја посетат Македонија наредниот месец па веќе сме во подготовки на заеднички активности.
Морам да ја потенцирам и посетата на Технолошкиот институт Холон во Тел Авив, каде во делот на развој на нови технолошки иновации, има исклучително корисни методи кои може да ја помогнат борбата против загадувањето на воздухот. Ви институтот развиваат систем на користење на влажноста на воздухот за загревање. Бидејќи кај нас е огромен проблемот со греењето во зима и загадувањето, овие нови методи може многу да помогнат за намалување на истото. Имавме можност да разговараме со Тони Леви околу зедничките активности кои ќе ги имаме оваа година и навистина се радувам што се повеќе ќе се продлабочува соработката меѓу нас.
Меѓу останатите посети, имав огромно задоволство да се сретнам со Рејчел Шели Леви Друмер од Бар Илан Универзитетот во Тел Авив, и да го посетам центарот за “Smart cities” во склоп на Универзитетот каде ни беа презентирани најновите пронајдоци/решенија кои се адаптираат во градот. Ќе имаме задоволство овие луге да бидат во Скопје во март каде исто така сме во процес на договор на заеднички активности.
Во текот на посетата, имав можност за средби со лица кои се заинтересирани за инвестирање во нашата земја и се надеваме дека можноста да се донесат израелски компании тука кај нас ќе ја реализираме. Интересот е огромен во делот на ИТ индустријата, па останува да видиме кои резултати ќе бидат постигнати.