Хрватски Телеком ја развива првата мобилна мрежа во Хрватска со 4G и 5G технологија

- Advertisement -

После Загреб Хрватски Телеком планира да постави приватни 4G и 5G мрежи во Ријека, Сплит и Осијек, а слични проекти овој оператор работи во Австрија и Германија.

Хрватски телеком веќе ја договори изградбата на првата мобилна мрежа во Хрватска која се базира на 4G и 5G технологија – Campus Network. Во овој проект ќе инвестира 270.000 евра.

- Advertisement -

Наташа Малиќ, директорка за пристапни мрежи во Хрватски Телеком вели дека вакви слични проекти планираат да развијат во Ријека, Сплит и Осијек со цел да поттикнат развој на нови решенија на полето на автоматизација, роботика, edge и fog computing и друга ИТ примена.

Од компанијата потенцираат дека се најголем инвеститор во развој на STEM (science, technology, engineering and mathematics), за што доказ е Campus Network проектот.

Проектот во голема мерка се развива со Факултетот за електротехника, каде во момемнтот се спроведуваат околу 200 научно-истражувачки проекти со што и истражувачите добиваат голема шанса.

Сподели!
- Advertisement -