Трката за производство на батерии и понатаму ќе биде жестока. Било да се телефони или преносни конзоли, се потешко е максимално да се искористат литиум-јонските батерии. Веќе некое време се зборува за графенот како можно решение. Станува збор за материјал кој досега не беше ефикасно искористен, а може да помогне за подобрување на времето на полнење и трајноста на батериите.
Real Graphene, технолошка компанија од Лос Aнџелес, се подготува да го смени тоа. Компанијата веќе има пласирано разни банки за енергија на пазарот, но сега има амбициозни планови со помош на групно финансирање да почне да произведува такви банки од графен.
Засега банките од графен на Real Graphene ги има во две големини: 10,000mAh и 20,000mAh, а имаат многу предност во однос на литиум-јонските. Најпрвин, многу побрзо се полнат – помалата верзија се полни за 50 минути.
Графенот е материјал кој е лесен, па тоа значи дека батериите од графен би биле многу полесни. Засега батериите на Real Graphene не се направени целосно од графен, туку се мешавина од графен и литиум, поради што побрзо ги развиваат, а ќе биде и полесно да ги продадат.
Реалноста е дека батериите од графен ќе бидат за околу 30% поскапи од литиум-јонските.