Познатиот шведски синџир ИКЕА во Дубаи воведува можност за плаќање со времето кое купувачот го потрошил за да стигне до продажниот објект. Иако на прв поглед делува дека производите ќе се добиваат бесплатно, ситуацијата е малку поинаква. Имено, колку повеќе време ви треба за да стигнете до продавница на ИКЕА, толку повеќе ќе можете да купите.
„Купувајте со своето време“(Buy With Your Time) е пораката која шведскиот синџир ја испраќа до светот, најпрвин од Дубаи. Се што треба да се направи е на каса да се покаже мапата на своето движење на телефон на апликацијата Google map. Тоа ќе биде доказ колку време сте потрошиле патувајќи до ИКЕА.
Иако е новина која засега е достапна само во Дубаи, овој потег ги отвора вратите за широки и радикални промени кога станува збор за купувањето и односот на потрошувачите кон брендовите. Новиот начин на плаќање се воведува истовремено со отворањето на нова продавница на ИКЕА во Џабел Алиу, кварт на Дубаи оддалечен од центарот на градот.
Идејата зад овој потег е потрошувачите да трошат бесконечно време за да дојдат до продажен објект на ИКЕА, затоа што тие најчесто се сместени на самиот крај од градовите. Во согласност со тоа воведена е цена за секој производ во „временски монети“, чија вредност е формирана на основа на просечните примања во Дубаи.
„Пред да ја стартуваме кампањата сфативме две работи: времето денес е драгоцено и купувачите трошат многу време за да дојдат до нашите продавници, кои се даелку од градските центри“, велат од ИКЕА Дубаи и нагласуваат дека поради тоа е битно да се наградат потрошувачите и да им се оддолжат.