Huawei претстави 5G мрежа поддржана од вештачка интелигенција за образовните институции и големите компании

- Advertisement -

Huawei ја најави целосната комерцијализација на своето технолошко решение специјализирано за образовни институции и големи бизнис субјекти наречено НiCampus, кое ќе овозможи целосно безжична напредна поддршка за дислоцирана работа, видеоконференции и едукација базирана на технологии за виртуелна и засилена реалност.

Исто така, претстави и десет нови AirEngine пристапни точки кои овозможуваат брз оптички пренос на податоци преку 5G мрежа и Wi-Fi 6 стандард, а имаат имплементирана платформа со решенија базирани на технологија за вештачка интелигенција. .

- Advertisement -

Huawei со решението HiCampus сака да го подобри корисничкото искуство во образовните институции и едукациските кампуси на големите бизнис системи. Новите пристапни точки подржуваат брзина од 10 Gbit/s и 20% поголем радиус на покривање во однос на денешните стандарди. Решението HiCampus ја користи интегрираната платформа за вештачка интелигенција eSight, која автоматски ја оптимизира безжичната радиска фреквенција на база на анализи на однесувањето на мрежата.

Huawei го потврди квалитетот на својата жична и безжична LAN инфраструктура на средината на овој месец, кога го доби признанието Gartner Peer Insights Customers’ Choice for Wired and Wireless LAN Access Infrastructure. Gartner ги рангира производителите на опрема врз база на оценките на корисниците и технолошките експерти, а Huawei е единствената неамериканска компанија на листата со висока оценка од 4,7 од вкупно 5.

Сподели!
- Advertisement -